Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китановиќ изјави денеска дека во Катар сакала да оди на натпреварот на репрезентацијата на Србија на Светското фудбалско првенство, но не го сторила тоа бидејќи на себе носела дрес на Хрватска, па не сакала тоа да биде протолкувано како провокација.
Таа исто така изјави дека на Олимписките игри во Токио навивала за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
„Со цело срце го поддржував Новак Ѓоковиќ и сакав тој да го освои олимпискиот медал. Според мене, спортот е темел на една нација и треба многу повеќе да се инвестира во спортот. Политиката треба да се отстрани од навивањето. Навивам и за многу српски спортисти и за српската репрезентација кога е можно“, изјави поранешната претседателка на Хрватска за ТВ К1.
Таа додаде дека во Доха запознала многу српски обожаватели, некои од Србија, некои од БиХ и дека многу од нив сакале да се фотографираат со неа и да се дружат.
„Мило ми е што делиме ист географски простор и мораме да направиме се за сите да бидеме исполнети со позитивност и пријателство. Сите сакаме да покажеме спортски дух и позитивна конкуренција. Се бориме на спортските терени, а надвор од нив сите сме пријатели и луѓе“, изјави Грабар-Китаровиќ.
На прашањето дали односите меѓу Хрватска и Србија биле подобри кога таа беше претседателка, Китаровиќ одговори дека секако дека има отворени прашања меѓу нашите земји.
Има работи што се решаваат зад затворени врати, а има работи што треба да се негуваат на јавен простор и да се избегнуваат какви било инциденти“, рече Грабар-Китаровиќ.
Таа посочува дека како претседателка се борела за влез на соседните земји во ЕУ и НАТО, „која го сака тоа секако“.
Таа на Србија ѝ посака многу успех во реализација на зацртаните цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.