Француската репрезентација во Катар со проблеми пред финалето во Катар. Дајот Упамекано и Адриен Рабио веќе неколку дена се виросани, па не настапија во полуфиналето против Мароко.

Селекторот на Франција, Дидие Дешам, има нова причина за загриженост бидејќи овојпат со грип се заразени двајцата централни дефанзивци, Ибрахима Конате и Рафаел Варан. Сето ова се случува на само два дена пред финалето на СП 2022 против Аргентина.

Конате го замени Упамекано во центарот на одбраната против Мароко. Сепак, сега и дефанзивецот на Ливерпул и Варан се во прашање за финалето, откако денеска се чувствуваа лошо, пишува францускиот медиум „Л’Екип“.

Од францускиот табор вината за големиот број болни фудбалери ја префрлуваат на силното воздушно ладење на стадионите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.