Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Лучијано Спалети, им забрани на своите избраници со себе да носат конзоли за играње кога ќе бидат на собир на националниот тим.

Некои играчи сигурно веруваа дека Спалети лае и не гризе, но не беа во право и сега треба да разјасниме некои работи. Отсега ќе го остават „Плејстејшн“ дома и повеќе нема да го носат со себе. Ќе им смислам мала игра за да им го одвлечам вниманието навечер. Ќе дојдат кај мене и ќе им давам задачи навечер ако не е им е интересен денот. Затоа што во репрезентацијата треба да останете на вистинскиот пат, да се концентрирате и да не се залажувате. Италијанците бараат кул и одговорен тим, цврст и храбар. Луѓето доаѓаат во репрезентацијата за да го освојат Европското првенство, а не да го освојат „Кол оф дјути“, изјави Спалети, за италијанските медиуми.

Репрезентацијата на Италија на Европското првенство 2024 во групната фаза ќе се сретне со Шпанија, Хрватска и Албанија.

Следниот натпревар Италијанците го играат на 22 март. Избраниците на Спалети ќе се сретнат со Венецуела во пријателски натпревар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.