По мечот двајцата селектори ги искажаа своите ставови.Милевски рече е задоволен со ремите иако играта секогаш може да биде подобра.
Мора да сум задоволен, имаше желба за докажување, желба за надигрување. Овој нерешен резултат не е рамен на победа затоа што освои само еден бод, а не три. Во вториот дел одигравме одлично за разлика од првиот дел кога имавме некои аномалии во играта-истакна селекторот.
Лучијално Спалети пак го истакна лошиот терен но и фактот дека Македонија има добри играчи како што е Елмас.
Минавме две години со Елмас, Тој е беспрекорен професионалец и можам да му се извинам што можеби не му дадов доволно простор. Елмас заслужи да игра повеќе во Наполи, но можам да кажам дека напорно работеше, на тренинзите секогаш беше одличен. Му посакувам само успеси во кариерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.