Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) отвори дисциплинска постапка против Еквадор поради песни со навредлива содржина што еквадорски навивачи ги пееле за време на натпреварот против домаќинот Катар на отворањето на Светското првенство.
ФИФА не прецизираше за кои навивачки песни и навреди станува збор, додавајќи оти отвора постапка во согласност со членот 13. од Дисциплинскиот правилник кој предвидува санкции за „навреди кон достоинството или интегритетот на држава, лице или групи преку упатување непријателски, дискриминаторски и навредливи зборови“.
Тоа е прва дисциплинска постапка на Светското првенство во Катар, што почна на 20 овој месец, а завршува на 18 декември.
Во премиерниот натпревар Еквадор го совлада Катар со 2-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.