Советниците на Град Скопје денеска ја изгласаа иницијативата за финансиска помош на ФК Вардар поднесена од советникот на ЛДП, Никола Пановски.

Со ова Советот ја задолжува градоначалничката Данела Арсовска да одреди колку пари Градот може да издвои за клубот и потоа тој предлог да биде доставен како точка на дневен ред на наредна седница.

ФК Вардар се наоѓа во тешка финансиска состојба со блокирана сметка и долгови од околу три милиони евра. Сепак предводникот на новото раководство, Милорад Миленковски од навивачката група Комити, верува дека клубот може да се „дигне“.

Како прв чекор е акцијата со продажба на сезонски билети, како и членски карти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.