Завршното коло во групата Х на Светското фудбалско првенство во Катар донесе драматична разврска и ново изненадување во борбата за второто место на табелата. Со гол во судиското продолжение Јужна Кореја ја победи Португалија (2:1) и заедно со „европските бразилци“ обезбеди пласман во осминафиналето.
Јужна Кореја беше во негатива во дуелот против Португалија, која од претходно го обезбеди пласманот во нокаут фазата, а дојде во водство преку Рикардо Хорта во 5 минута. Јужнокорејците ја анулираа негативата со израмнувачкиот гол на Ким Јонг – Гвон (27), а победата ја обезбедија во првата минута од судиското продолжение преку Хванг Хе – Чан по одлична асистенција на Сон Хјон – Мин.
На чекор до пласман во осминафиналето беше и Уругвај, кој со 2-0 триумфираше над Гана, но победата на Јужна Кореја значеше дека на Уругвајците им беше потребна победа од најмалку три голови разлика.
Двоен стрелец за Уругвај беше Џорџиан де Араскаета (26, 32), откако претходно Гана не реализираше од белата точка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.