Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) одлучи за форматот на Мундијалот во 2026 година. Ќе има 12 групи по 4 селекции и 104 натпревари во 39 дена.
ФИФА во четврток, на 16 март, има намера да го одобри новиот формат за Светското првенство во 2026 година.
Според „The Athletic“, првично беше планирано да се поделат тимовите во 16 групи од 3 тима. Сепак, ФИФА реши да се откаже од оваа идеја за формат со 12 групи од по 4 тима, а во плејофот ќе се пласираат најдобрите осум третопласирани екипи, како и сите екипи кои завршуваат на првото и на второто место.
Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Натпреварите ќе се одржат во 16 градови. Ова Светско првенство ќе биде најдолго во историјата: ќе трае 39 дена, во кои ќе бидат вклучени 104 натпревари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.