Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе поставил три услови под кои ќе остане во парискиот клуб.

Според „ОК Диарио“, 24-годишниот играч сака ПСЖ да го продаде напаѓачот Нејмар. Клубот минатото лето се обиде да го продаде Бразилецот за да го задоволи Мбапе, но не беа пронајдени потенцијални купувачи.

Другите две барања на Мбапе се потпишувањето на напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, чиј договор со лондонскиот клуб истекува во летото 2024 година, како и назначување на поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, на местото тренер на ПСЖ.

Како што пишува весникот, доколку клубот не ги исполни овие барања, тогаш Мбапе може да го напушти ПСЖ или следното лето или на крајот на договорот како слободен играч.

Сезонава Мбапе одигра 20 натпревари во сите натпреварувања за тимот, постигнувајќи 19 голови и пет асистенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.