Голманот на Манчестер јунајтед, Андре Онана се осврна на примениот гол од средината на теренот на пријателскиот натпревар против Ленс (3:1).

 

– Секогаш имаме кон што да се стремиме. Мора да се обидеме да подобриме нешто. Јас сум одговорен за голот што го примивме. Горд сум на играта на соиграчите од одбраната. Но, ги прифаќам сите критики, рече голманот по натпреварот.

 

Онана дојде во Манчестер јунајтед во летниот преоден рок од Интер. Клубот за него плати околу 55 милиони евра.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.