Генерациите 2014, 2015 и 2016 на српските клубови Црвена звезда, Партизан и Земун демонстративно го напуштија фудбалскиот турнир кој деновиве се одржува во Охрид, откако сфатија дека ќе се натпреваруваат против екипи од Косово.

Нашите момци успешно стигнаа до нокаут фазата на натпреварувањето, 2012 и 2013 година претрпеа порази во четвртфиналето, додека за 2014 година натпреварувањето во Македонија заврши во полуфиналето. Не, нашите момци не беа поразени, но одлуката на клубот беше да не се натпреварува против тим од т.н. Косово, то ест, нашите селекции се спакуваа, го напуштија турнирот и се упатија кон Србија. Во татковината се враќаат без медал, но со чист образ. Им благодариме на организаторите за поканата, велат од ФК Земун во соопштението.

Според српските медиуми, српските клубови пред почетокот на турнирот побарале екипите од  Косово не учествуваат, но организаторите „не го испочитувале договорот“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.