Фудбалерите на Рома беа поразени на домашен терен од Наполи, а конечниот резултат гласеше 0:1 за гостинската екипа која со тоа ја задржа лидерската позиција. Рома се бореше во текот на целиот натпревар, но не успеа да остане непоразена, а на крајот виновникот го бараше во судијата на овој натпревар.

Во Рома не беа задоволни од одлуките кои ги донесе главниот судија на овој натпревар Масимилијано Ирати, а не се плашеа ниту да го покажат тоа.

Се започна од 39. минута кога беше досуден пенал за Наполи. По нешто подолг преглед, казната беше поништена, но не заврши тука.

На сето ова бурно реагираа фудбалерите на Рома, а Мурињо ечеше покрај клупата и бараше жолт картон поради симулирање на играч на Наполи. Желбата не му се исполни.

Сепак, жолтиот картон беше покажан во вториот дел поради слична ситуација и големи протести кон тренерот на Рома, Жозе Мурињо.

Победничкиот гол за Наполи го постигна Осимхен во 81. минута, но Рома очигледно мислела дека тој направил прекршок додека се борел за топка со играч на Рома.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.