Идната недела би можел да се реализира најавениот трансфер на норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд во Манчестер сити, најави денеска извршниот директор на германскиот клуб Себастијан Кел.
Според неодамнешните информации во дел од германските и англиските медиуми, Сити и Халанд постигнале согласност за петгодишен договор со плата од 29 милиони евра по сезона, а премиерлигашот ќе треба да плати и обесштетување во износ од 75 милиони евра.
Халанд го привлече вниманието на фудбалска јавност уште додека играше за австриски Салцбург, за кој постигна 29 голови на 27 натпревари. Во јануари 2020 година премина од Салцбург во Борусија Дортмунд каде продолжи со одличните настапи. Норвешкиот напаѓач во изминатите две и пол сезони на 88 натпревари постигна 85 голови, додавајќи и 23 асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.