Англискиот првак Манчестер сити на домашен терен го совлада синоќа Ливерпул 3-2 (1-1) во осминафиналето на Карабао купот.

За Сити ова беше прва победа над Ливерпул во последните шест меѓусебни дуели, а одличната форма во продолжението на сезоната ја потврди норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд, кој го отвори резултатот со прекрасен волеј.

Стрелци за победничкиот состав беа Халанд (10 минута), Ријад Марез (47) и Натан Аке (58-, додека головите за Ливерпул ги постигнаа Фабио Карваљо (20) и Мохамед Салах (48).

Пласман во четвртфиналето, покрај Манчестер сити, обезбедија и Вулверхемптон, Саутемптон, Нотингем Форест, Њукасл, Манчестер јунајтед, Лестер и Чарлтон.

Парови за четврфиналето (9 јануари):

Саутемптон – Манчестер сити

Манчестер јунјатед – Чарлтон

Нотингем Форест – Вулверхемптон

Њукасл – Лестер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.