Советниците на Град Скопје  ја изгласаа иницијативата за финансиска помош на ФК Вардар и ја задолжија градоначалничката Данела Арсовска да одреди колку пари Градот може да издвои за клубот и потоа тој предлог да биде доставен како точка на дневен ред на наредна седница.

На ова остро реагираа навивачите на Шкупи, по што упатија и закани и до советниците и до целиот град.

Најостро ја осудуваме одлуката на Град Скопје за финансиска помош на најслабиот тим во престолнината. Со оглед на тоа дека ФК Шкупи го претставува градот, во овие години не им е дадена ни минимална помош особено од европските натпревари, за кои како што е познато се испатени големи пари за играње на градскиот стадион. Скопје се финансира од даноците кои ги плаќаме за чист и урбан град, а не за нашите пари да одат во отпад и за политички маркетинг. Затоа, бараме ваквата одлука да биде повторно разгледана, а ако таа стапи на сила тогаш целиот град нека се подготви за последиците, објавија „Шверцери“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.