Шведскиот фудбалер, Златан Ибрахимовиќ, се согласи да го продолжи договорот со италијанскиот шампион Милан до јуни 2023 година.
Според медиумските извештаи, Ибрахимовиќ ќе заработува меѓу еден и 1.5 милиони евра, но ќе има бонуси за одиграни натпревари и постигнати голови.
Шведскиот напаѓач во октомври ќе наполни 41 година, а во моментов се рехабилитира од операција на коленото поради што ќе биде надвор од теренот до крајот на годината.
Ибрахимовиќ изминатата сезона со Милан ја освои титулата во Серија А, придонесувајќи кон успехот со осум голови на 27 натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.