Репрезентацијата на Шпанија е првиот финалист на Светското фудбалско првенство за жени. Шпанските фудбалерки денес во полуфиналето забележаа победа над Шведска со 2:1.
Трите гола паднаа во последните 15-ина минути од натпреварот одигран во Оукленд. Најпрво Салма Парајуело во 81. минута и донесе водства на Шпанија, Швеѓанките изедначија преку Ребека Блонквист во 88. минута. Победничкиот гол го постигна Олга Кармона Гарсија во 90. минута.Шпанија за прв пат во својата историја ќе игра финале на Светско првенство.
Во второто полуфинале утре од 12 часот во Сиднеј ќе се соочат ко-домаќинот на Мундијалот Австралија и Англија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.