Шпанија со победа го почна настапот на Европското фудбалско првенство, откако во Берлин убедливо триумфираше над Хрватска со 3:0 (3:0) во натпревар од првото коло во Групата Б
Шпанските фудбалери до победата дојдоа со голови во првото полувреме во кое ги искористија сите грешки во хрватската одбрана,
Капитенот Мората го отвори резултатот во 29 минута, а само три минути подоцна предноста ја удвои Руиз. Во последната минута од првото полувреме на 3:0 зголеми Карвахал.
Хрватска во 80 минута не успеа да реализира пенал преку Петковиќ.
Крилниот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал, се најде во почетниот состав на Шпанија и со 16 години и 338 денови стана најмладиот фудбалер кој настапил на Европско првенство.
Воведното коло во групата Б ќе го комплетираат бранителот на титулата Италија и Албанија. Натпреварот во Дортмунд започнува во 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.