Машката фудбалска репрезентација на Шпанија е првиот финалист на Европското првенство (ЕП) кое е во тек во Германија откако се пресверт славеше над Франција со 2-1, а Ламин Јамал со 16 години стана најмладиот стрелец на големите натпреварувања.

Шпанија во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Англија и Холандија кои играат утре.

Франција го отвори резултатот. Во 9. минута по асистенција од Мбапе, Коло Муани постигна гол за водство од 1-0. Тоа беше првиот погодок на Французите од игра на ова Европско првенство.

Во 21. минута Ламин Јамал постигна спектакуларен гол за израмнување на 1-1. Со овој погодок тој стана најмладиот фудбалер кој постигнал гол на Европските првенства, но и воопшто на големите турнири.

Само четири минути подоцна Дани Олмо со помош на Кунде погоди за комплетен пресврт и водство на Шпанија од 2-1, што беше и конечен резултат на мечот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.