Шкупи одигра 2-2 на гостувањето кај Динамо Загреб во првиот меч од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, патникот понатаму ќе се решава во Скопје.

Шкупи со големи реми се враќа од Загреб, Динамо беше голем фаворит во овој меч, но момците на Гоце Седлоски останаа непоразени.

Дека нема да му биде лесно на Динамо Загреб најави Кевен во 25. минута кој му донесе водство на Шкупи и го замолкна Максимир.

Пред крајот на првото полувреме, во 44. минута македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми постигна гол со глава и изедначи на 1-1.

Во 86. минута Петковиќ по асистенција од Адеми постигна гол за комплетен пресврт и водство на Динамо Загреб од 2-1. Во тие моменти се чинеше дека хрватскиот тим сепак ќе дојде до триумф, но тоа не се случи.

Само три минути подоцна Реналдо Кефас убаво гол лобуваше истрчаниот голман на Динамо и донесе реми за Шкупи, 2-2.

Реваншот се игра за седум дена на арената „Тодор Проески“ во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.