Германскиот клуб, Шалке 04 денеска потврди дека е раскинат договорот со руската компанија Гаспром која беше главен спонзор тимот. 

Веднаш по нападот на Русија на Украина, Шалке 04 го тргна Гаспром од дресот, а денеска информира дека спонзорскиот договор со руската компанија е раскинат.

Преку својата веб страна тие соопштија дека бордот на директори одлучил перманентно да го раскине договорот со Гаспром.

Во моментов се водат преговори со други компании кои треба да дојдат на местото на Гаспром.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.