Искусниот фудбалер на Пари Сен Жермен, Шпанецот Серхио Рамос, ја шокираше јавноста со своето срамно однесување по поразот од Баерн во Лигата на шампионите.

Пари Сен Жермен е поразен на домашен терен од германскиот тим со резултат 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

По очајната игра, Рамос беше доста нервозен, па реши да го извади бесот на фоторепортер кој случајно се најде во негова близина.

 

Во таа гужва, фоторепортер случајно малку го турнал Рамос и фудбалерот налутено му рекол да внимава каде оди. Во тој момент на фудбалерот налетал друг фоторепортер, кој веднаш експлодирал и дивјачки го оттурнал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.