🚨 GOAL | Al-Ittihad 0-1 Al-Hilal | Milinkovic-Savicpic.twitter.com/kLzGlt9Sr1
— VAR Tático (@vartatico) August 5, 2023
Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ постигна уште еден гол за Ал Хилал и го турна својот тим во полуфиналето на арапската Лига на шампиони.
Тие во Ријад го совладаа големиот ривал Ал Итихад со 3:1.
Ал Хилал поведе во 14. минута со голот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој извонредно реагираше по корнерот на Рубен Невес и со глава ја упати топката во мрежата на гостите.
Во последните моменти од првото полувреме гостинот ја удвои предноста со голот на Ал Дасари од пенал, а во 56. минута Ромарињо ја намали негативата на Ал Итихад.
За Ал Хилал дебитираше и поранешниот член на Барселона, Малком, кој постигна гол во 70. минута на своето деби, додека Карим Бензема на другата страна беше трагичен бидејќи осум минути подоцна ја погоди стативата од белата точка.
Во арапската Лига на шампиони Ал Хилал ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Ал Шабаб (Саудиска Арабија) и Ал Вахда (ОАЕ).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.