Прославениот италијански голман Џанлуиџи Буфон доби нова функција. Тој ќе биде на чело на делегацијата на италијанската репрезентација.

Четириесет и петгодишниот Буфон пред три дена најави дека се пензионира како играч.

Се враќам во репрезентацијата затоа што детето кое првпат ги мина портите на Коверчиано пред 30 години, сè уште сака да сонува и да го живее овој сон со италијанските навивачи, напиша Буфон на социјалните мрежи.

Пред Буфон на шеф на репрезентативната делегација беше Џанлука Вијали. Во декември 2022 година, Вијали ја напушти функцијата, а во јануари почина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.