Одреден првиот финалист на клупското Светско првенство во фудбал. Ал-Хилал од Саудиска Арабија синоќа во Танжер го совлада бразилски Фламенго во првото полуфинале на турнирот со 3:2.

Салем Ал-Досари двапати погоди од пенал, Лучијано Вието погоди од поле за победничката екипа. Двоен стрелец за Фламенго беше Педро.

Во финалето Ал-Хилал ќе се соочи со победникот од мечот Ал-Ахли – Реал Мадрид. Овој натпревар ќе се одржи вечер од 20 часот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.