Славниот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ денес ја загуби битката со леукемијата. Михајловиќ повеќе од три години се бореше со тешката болест која за жал не успеа да ја победи, иако еднаш беше излекуван.

Зад себе Михајловиќ ги остави сопругата Аријана, ќерките Вирџинија и Викторија и синовите Мирослав, Марко, Душан и Николас.

Семејството со голема тага ја соопштува неправедната и прераната смрт на својот маж, татко, брат – Синиша Михајловиќ. Извонреден професионалец, достапен и добар кон сите. Храбро се бореше против страшната болест. Им благодариме на докторите и медицинскиот персонал, како и сестрите кои го следеа со години со многу љубов и почит. Посебна благодарност упатуваме на д-р Франческо Бонифачи, д-р Антонио Курто, проф. Алесандро Рамбалди и д-р Лука Маркети. Синиша секогаш ќе остане со нас. Продолжуваме да живееме со љубовта која ни ја пружи“, објави семејствот во соопштението кое го пренесуваат италијанските медиуми.

Михајловиќ имаше 53 години и во текот на кариерата играше за Црвена Звезда, Сампдорија, Лацио и Интер. Подоцна беше тренер и на повеќе италијански клубови. Пред десет години беше и селектор на Србија, ќе остане запаметен како специјалист за слободни удари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.