Легендарниот холандски селектор Луи Ван Гал откри дека боледува од агресивна форма на рак и минува низ тој процес веќе неколку месеци, а за тоа не бил запознаен ниту еден од играчите кои ги тренира. Како што вели Ван Гал, добра вест е тоа што има 90 проценти шанси да преживее, бидејќи иако станува за агресивна форма, засега е зафатена само простатата и нема метастази на други органи.
Во цел период откако се вратив во репрезентацијата, морав навечер да ја напуштам базата и да одам во болница. Ниту еден играч не знае за мојата состојба, не знаат дека имам рак. Не го знаеја тоа до вечерва. Си мислев дека сум здрав, но не било така.
Не им кажував на играчите за тоа да не влијае на нивните изданија, на нивното однесување и избор на теренот. Добро е што луѓето ретко умираат од рак на простата, барем не во 90 проценти од случаите. Јас имам доста агресивна форма на рак и примив веќе 25 хемотерапии. Мора да кажам дека имав специјален третман во болница, ме примаа од задната врата и се однесуваа на извонреден начин. Им кажав само на моето семејство и на моите најблиски пријатели, а тоа што досега се чуваше во тајност е доказ дека имам добро опкружување, изјави Ван Гал.
По ваквата исповед на Холанѓанецот, со пораки за поддршка се јави цела фудбалска јавност, вклучувајќи ги и неговите поранешниот клубови во кои работеше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.