Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сједини од Палермо, пред дуелот со Италија испрати порака до сите Македонци, да веруваат во фудбалерите. Според Сејдини момците веќе еднаш покажаа карактер дека се родени за големи работи, тој не се сомнева дека и вечерва ќе сторат се да се најдат на СП во Катар.
Мети им се заблагодари на сите навивачи кои не размислуваат дојдоа во Палермо од лице место да ги бодрат репрезентативците.
„Оваа репрезентација и овие момци ги краси карактер и заедништво. Тие покажаа дека се родени за големи работи. Веруваат во себе и знам дека ќе дадат се од себе, да го оставарат сонот за пласман на Светското првенство. Благодарност до сите навивачи кои дојдоа тука да ја бодрат репрезентацијата, уживајте во натпреварот“, порача првиот човек на ФФМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.