Англиската Премиерлига соопшти дека натпреварите се враќаат од денеска на програмата, откако претходното коло беше одложено поради смртта на британската кралица Елизабета Втора.

Премиерлигата и англиската фудбалска Федерација објавија минатата недела дека натпреварите кои беа закажани од петок до понеделник се одложуваат откако кралицата, најдолговечниот британски монарх, почина во својот дом во Шкотска на 8 септември, на 96-годишна возраст.

Одложени се и натпреварите во женската Суперлига и во пониските дивизии.

Во соопштението се наведува дека натпреварите во Премиерлигата ќе почнат со минута молчење и интонирање на британската химна



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.