Бразилската фудбалска ѕвезда Роналдо се ожени со својата долгогодишна партнерка, 33-годишниот модел Селина Локс.
Младенците, кои се верија во јануари додека беа на одмор на Карибите, се венчаа во црква на Ибица во вчера попладне.
Денес ги собравме нашите семејства на интимна верска прослава и на тој начин го означивме почетокот на неделата во која нè очекуваат многу прослави, пишува на фотографиите кои ги споделија манекенката и 47-годишниот поранешен фудбалер.
View this post on Instagram
Ова е четврто застанување на Роналдо пред олтарот. Со првата сопруга Милена го има синот Роналдо (23). Во февруари 2005 година, тој организираше венчавка со манекенката Даниела Цикарели во замок во Франција, иако подоцна се покажа дека тие официјално не станале маж и жена бидејќи ниту еден од нив не го финализирал разводот од нивните претходни партнери. Тие се разделија три месеци по церемонијата, по што тој се ожени со студентката по инженерство Марија Беатрис Антони, со која ги има ќерките Марија Софија (14) и Марија Алиса (12).
Тој откри дека направил вазектомија откако беше потврдено дека е татко на Александар, кој сега има 17 години, во декември 2010 година по аферата со келнерката Микеле Умезу.
Роналдо подоцна за „Фајненшл тајмс“ откри дека замрзнал сперма и се пошегува дека сѐ уште има доволно за да направи цел фудбалски тим.
Тој и неговата нова сопруга, успешна бизнисменка и модел, редовно ја посетуваат Ибица и минатиот месец беа снимени како се бакнуваат во морето за време на ноќното капење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.