Бразилскиот фудбалер, кој беше повреден на дуелот против Србија, ќе мора да го пропушти следниот меч од Мундијалот. Тој преку „Инстаграм“ порача дека е повреден, но ќе направи сè за да ѝ помогне на неговата земја.

Гордоста и љубовта што ги чувствувам носејќи го овој дрес се необјасниви. Ако Господ ми даде можност да изберам во која земја пак би се родам, тоа би бил Бразил.
Ништо во мојот живот не ми беше дадено или добиено со лесно, секогаш морав да ги бркам моите соништа и моите цели. Никогаш не посакувајќи некому штета, туку помагајќи им на оние на кои им е потребна помош.
Денешниот ден се претвори во еден од најтешките моменти во мојата кариера… и тоа повторно на Светско првенство! Повреден сум, да, нервозно е, ќе ме боли и повеќе, но сигурен сум дека ќе имам шанса да се вратам затоа што ќе дадам сè од себе да ѝ помогнам на мојата земја, на моите соиграчи и на себе.
Зарем по толку долго чекање да оставам непријателот така да ме победи? НИКОГАШ!
Јас сум син на семоќниот Бог и мојата вера е бескрајна, напиша Нејмар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NJ 🇧🇷 (@neymarjr)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.