Герет Саутгејт планира да остане на должноста селектор на англиската фудбалска репрезентација до завршување на Европското првенство во 2024 година чиј домаќин ќе биде Германија, објавија повеќе британски медиуми

Според телевизијата „Скај Спорт“, 52-годишниот Саутгејт планира својата одлука да им ја соопшти на раководството на Англиската фудбалска федерација пред Божиќ.

Саутгејт има договор со ФА до крајот на 2024 година.

Англија под негово водство беше елиминирана на Светското првенство во Катар од Франција во четврт-финалето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.