Според законите во Саудиска Арабија, паровите што не се во брак не смеат да живеат заедно, а земјата ќе ги прекрши сопствените правила за да му дозволи на Роналдо да живее заедно со своето семејство.
Партнерката на светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез веќе објави нови фотографии и видеа со кои се пофали за пречекот што го добиле во Саудиска Арабија откако фудбалерот потпиша за клубот Ал Наср, а светските медиуми пишуваат дека арапската земја морала да ги прекрши сопствените правила.
Познато е дека Роналдо и Џорџина не се официјално во брак. Тие двајцата се заедно повеќе години наназад и имаат две деца, а таа се грижи и за неговите други 3 деца што ги добил од сурогат мајки, но парот нема склучено брак.
Законите во Саудиска Арабија, пак, забрануваат заеднички живот на двојките што не се официјално во брак, но шпанскиот весник „Sport“ пишува дека земјата најверојатно ќе им прогледа низ прсти, за да му овозможи на семејството да живее заедно.
Весникот, повикувајќи се на адвокати од Саудиска Арабија, вели дека во последните неколку години овој закон во земјата веќе почнал да се прекршува, а истиот се ставал на сила, само доколку имало поголем проблем или кривично дело.
Од друга страна, пак, Роналдо и Џорџина ќе добијат дозвола за престој и заеднички живот, што ќе мора да биде продолжувана на месечна база.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.