Португалската фудбалска мегаѕвезда, Кристијано Роналдо, и неговата свршеница Георгина Родригез се еден од најпопуларните и најбогатите парови во светот.

Шпанска „Марка“ објави дека Кристијано Роналдо на Георгина ѝ уплаќа 100.000 евра месечно за потребите на домаќинството.

Тоа воопшто не е проблем за Роналдо, кој  минатата година во „Манчестер Јунајтед“, од плата и маркетинг, заработи 120 милиони евра.

Се проценува дека и самата Георгина како инфлуенсерка заработува околу 8 илјади евра месечно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Георгина и Роналдо веќе имаат едно дете, ќерката Алана, а моментално чекаат близнаци.

Роналдо има уште три деца – Ева, Матео и Кристијано, а тие се родени од сурогат мајка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.