Кристијано Роналдо веќе ги впива историските и културните корени на Саудиска Арабија, а тоа го покажа на 22 февруари, Ден на основањето на Кралството. По тој повод, Ал-Наср го повика целиот тим за да го прослави и да оддаде почит на овој многу важен ден за цела Саудиска Арабија.

Роналдо беше маскиран како локален жител во најубавите и најсоодветните наметки за да го одбележи со своите соиграчи основањето на Кралството од имамот Мохамед бин Сауд во февруари 1727 година, пренесува британски „Телеграф“.

Ова е вторпат да се одбележи толку важен ден, откако Салман бин Абдулазиз издаде кралски декрет на 27 јануари 2022 година, годишнината од основањето на земјата да се слави секој 22 февруари.

Португалската ѕвезда танцуваше, се фотографираше со сабја во рака и го одбележа значајниот ден за арапското кралство заедно со останатите негови соиграчи и стручниот штаб предводен од Руди Гарсија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.