Славниот фудбалер Кристијано Роналдо ѝ ја расипа роденденската забавна на свршеницата Георгина Родригез која реши 29-тиот роденден да го прослави во луксузен ресторан во Ријад.

За таа прилика Георгина облекла тесен бел фустан кој ги истакнал нејзините облини. Роденденот го прославила опкружена со семејството и пријателите, а странските медиуми објавија дека манекенката и фудбалерот не влегле во ресторанот истовремено. Прва пристигнала славеничката со децата. Георгина имала сериозен изглед на лицето, а камерите ја уловиле како негодува.

Потоа дошол Роналдо со пријателите. Ова очигледно ѝ пречело на Георгина, бидејќи фудбалерот бил во центарот на вниманието и сите го фотографирале, додека таа паднала во втор план. Бројни обожаватели го чекале Роналдо, па по прославата го опсипале со молби за фотографирање и автограми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.