Реал Мадрид не дозволува навивачите да ги ставаат имињата на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, на дресовите купени од клупските продавници.
Според „SER Deportivos“, во фан шопот на Реал Мадрид е можно да се стават презимињата на кој било од играчите на Реал Мадрид или имиња на индивидуално барање, но клубот го одбил барањето на двајца навивачи кои побарале да се стават презимињата на Халанд и Мбапе на дресот.
На 26 декември беше објавено дека Реал Мадрид подготвува документи за евентуален потпис на договор со Мбапе на почетокот на јануари.
Во шпанските медиуми, се појавија шпекулации дека доколку не успее трансферот на Мбапе, ќе се направи обид во Реал да се донесе Халанд
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.