Шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид доби понуда од американската компанија „Legends Hospitality“ која за спонзорски договор ќе даде дури 10 милијарди евра.

Шпанскиот портал „Vozpopuli“ објави дека компанијата од САД му понудила на Реал 25-годишен договор вреден 10 милијарди евра односно 400 милиони на годишно ниво.

Инаку „Legends Hospitality“ со тоа би добил 20 отсто сопственост во фирмата која управува со новиот стадион „Сантијаго Бернабеу“.

Со тоа би имал право наредните 25 години да организира разни настани и носење на реномирани брендови во продавниците кои се наоѓаат во склоп на стадионот.

Исто така би организирал и НБА натпревари на Сан Антонио Спарс, односно НФЛ натпревари на Далас Каубојс, клубовите во кои исто така има удел



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.