Реал Мадрид вечерва ремизираше на домашен терен со Манчестер сити во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите – 1:1.

Стрелец на голот за Реал беше Винисиус Жуниор во 36. минута, „Граѓаните“ одговорија преку Кевин Де Брујне во 67. минута но при тој напад топката ја мина аут линијата.

Натпреварот беше 190-ти натпревар за менаџерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти во Лигата на шампионите. Тој се израмни со рекордерот во елитното натпреварување Алекс Фергусон.

Реваншот од 1/2 финалето ќе се одигра во Манчестер на 17 мај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.