На 1 август, ПСЖ објави дека постигнал регионален договор за спонзорство во Африка и Азија со „1XБET“, букмејкерска компнаија со седиште во Кипар, која работи, директно или преку своите подружници, во повеќе од 20 земји и која има клиенти во повеќе од 50 земји ширум светот. Тој договор на парискиот тим му донесе значителна финансиска инјекција, но предизвика и одредени контроверзии.

Како што пишува весникот „Л’Екип“, станува збор за контроверзна компанија, која во 2019 година мораше да раскине договори со три екипи од „големата шесторка“ на англиската Премиерлига. Подружницата на „1XБET“, која работеше во Англија, мораше да биде затворена поради низа закони во Велика Британија против спортското обложување.

„1XБET“ исто така е казнет во земји како Кенија, каде што нудела нелегални облози на помали натпреварувања, но и во Полска, Израел или Холандија, каде што нудела реклами во пиратски преноси на натпревари од Премиер лигата. За да бидат работите уште полоши, „1XБET“ е нелегален во Франција, бидејќи Националната управа за игри постојано ја блокира нејзината веб-страница и не дозволува да работи нормално.

Како што објавува „Л’Екип“, и покрај фактот што е забрането да се пристапи до „1XБET“ во Франција, операторот нуди алтернативна услуга за влез на неговата веб-страница и да поставува спортски облози. Станува збор за купување ВПН (VPN) што ја модифицира IP адресата (т.е. ви дава IP од земја во која е легална) и ги прекршува сите закони на Националната управа за игри.

Во однос на ПСЖ, парискиот тим нема обврска да ги извести француските власти дека постигнал договор со „1XБET“.СО оглед на то што се работи за регионален договор во Африка и Азија, клубот се придржува до законодавството на земјите предвидени со договорот и во кое не постои правило кое се забранува работата на букмејкерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.