Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта изјави дека не сака повеќе да зборува за напаѓачот Лионел Меси бидејќи тој е играч на Пари Сен-Жермен.
Шпанските медиуми пишуваа дека во 2023 година Аргентинецот може да се врати во каталонскиот клуб.
– Нема повеќе да зборувам за Меси, бидејќи тој е играч на ПСЖ. Имам морална обврска кон него, но зборувањето може да оди против нашите аспирации. Односот со неговото семејство? Добар, го цитира Лапорта „Мундо Депортиво“.
Во летото 2021 година, фудбалерот ја напушти Барселона и како слободен играч се пресели во ПСЖ. Тој потпиша двегодишен договор со тимот од Париз
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.