Претседателот на Баерн, Херберт Хајнер зборуваше за претстојниот дуел со Барселона Лигата на шампионите.

Имаме голема почит кон Барса. Лично мислам дека за пример треба да се земе моделот на шпанскиот фудбал: победува репрезентацијата, победува Реал Мадрид, победува Барса. Ние сме во оваа приказна, бидејќи во Баерн беше тренер Пеп Гвардиола. Барса отсекогаш имала одлични играчи: Чави, Иниеста, Пике, Бускетс, Меси… Тие се многу голем клуб и ќе продолжат да ги поставуваат стандардите во иднина. Барса се врати.

 

Во 2020 година, Баерн се сретна со Барселона кога бевме во одлична форма. Тогаш сè излезе многу добро за нас. Но, оваа година Барса е многу посилна. Лапорта е вистинскиот претседател за овој клуб за да помогне Барса да се врати таму каде што треба да биде. Очекувам рамноправна игра. Секако дека очекувам победа на Баерн. Но, не очекувам голема предност во однос на Барса – порача Хајнер.

Баерн Минхен на домашен терен ќе игра со Барселона во натпреварот од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Натпреварот се игра во вторник, 13 септември, со почеток во 21 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.