Раководството на Премиер лигата одлучи редовно да ги објавува разговорите меѓу судиите и ВАР до крајот на сезоната.
Оваа одлука е донесена по случувањата на натпреварот помеѓу Ливерпул и Тотенхем (1:2), каде што судиите во ВАР направија неколку грешки, кои потоа беа признаени од здружението на англиски судии.
Аудиото ќе се појавува на редовните телевизиски програми и ќе се емитува како во Велика Британија, така и низ целиот свет. Првиот пат кога тоа ќе се случи е вторник, 10 октомври.
Шефот на судиската организација, Хауард Веб, заедно со Мајкл Овен, ќе анализираат и објаснат некои од важните судиски одлуки донесени во натпреварите од последните неколку кола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.