Интер Мајами загуби од Синсинати со 0:1 во натпревар од регуларниот дел од сезоната во американската МЛС лига, со што ги загуби шансите за пласман во плејофот.

Тимот чија најголема ѕвезда е Лионел Меси, со 33 освоени бодови е на 14. место во Источната конференција. За пласман во плејофот Интер треба да стигне до 9. место, но на два меча пред крајот на регуларниот дел тоа е невозможна мисија, со оглед на тоа што заостанува недостижни седум бодоци.

На натпреварот против Синсинати се одигра во Форт Лодердејл, а Меси влезе во второто полувреме како замена од клупата. Триесет и шестгодишниот Аргентинец отсуствуваше од 21 септември поради повреда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.