Слаб е интересот на бугарските фудбалски навивачи за наптреварот од Лигата на нациите меѓу Бугарија и Македонија. Еден час пред почетокот на мечот во Разград пред арената е празно, пренесуваат медиумите. На билетарницата неколку луѓе, иако домаќините најавија полн капацитет од 10.000 седишта.

Македонија беше најавено дека ќе ја бодрат 500 навивачи, но на трибините ги нема главните – министерот за правда Никола Тупанчевски, обвинителката Фатиме Фетаи, судијата Лазар Нанев, градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, поранешниот градоначалник на Охрид Никола Бакрачески и поранешниот премиер Владо Бучковски. Нив можевме да ги видиме на трибините во Италија и Португалија. Велат биле верни навивачи на македонската репрезентација и секаде ја следеле…. „на свој трошок“.

 

Изгледа Разград во Бугарија и не е некоја дестинација за на „свој трошок“ да засипнуваат…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.