Поранешниот фудбалски репрезентативец на Босна и Херцеговина, 48-годишниот Алмир Рашчиќ, е тешко претепан и застрелан во главата во Горажде во источна Босна каде што живеел, потврдиле за локалните медиуми од локалната полиција.
Засега непознати напаѓачи во петокот доцна вечерта го сочекале и нападнале Рашчиќ кај станбената зграда во којашто живеел. Подоцна го пронашол случаен минувач кој пријавил во полицијата.
При уводот било потврдено дека напаѓачите Рашчиќ го претепале со палки, а потоа од непосредна близина му пукале во главата. Обвинителството засега нападот го третира како обид за убиство, и во тек е истрага со цел да се откријат сторителите.
Итно бил пренесен во Клиничкиот центар во Сараево и таму во кома е сместен на одделот на интензивна нега. Лекарите се борат за неговиот живот.
Ситуацијата не е добра, во кома е, изјавил за порталот на дневниот весник „Дневни Аваз“ таткото Мухадин Рашчиќ кој е и член на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на БиХ.
Алмир Рашчиќ во текот на играчката кариера настапуваше за Железничар, Вележ, Олимпик и хрватски Задар, а настапуваше и за селекцијата на БиХ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.