Генерацијата 2009 на ФК Кул ќе игра во полуфиналето на турнирот „Прилеп Куп 2022“ откако денес го доби и вториот натпревар во својата група.

После убедливата победа против екипата на Победа (6:0), момците на Марко Арсовски во рамките на 2.коло беа подобри од екипата на ФК Битола. Конечниот резултат гласеше 3:0. Заслужена победа за ФК Кул, кој беше подобар на теренот.

По првото полувреме ФК Кул имаше минимално водство од 1:0 со голот на Петар Крчаноски. Избраниците на Арсовски имаа контрола на играта и во вториот дел од натпреварот, кога зголемија на 2:0 преку Леон Андовски. Во овој период од дуелот, одлична двојна интервенција имаше Бобо Георгиевски кој спаси чист погодок и спречи намалување на резултатот. За поубедлива победа од 3:0 се погрижи Никола Динов.

Утре во рамките на полуфиналето ќе играат со екипата на ФК Перак од Прилеп, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат екипите на Пелистер и Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.