Генерацијата 2009 со победа го започна турнирот „Прилеп Куп 2022“. Избраниците на Марко Арсовски во рамките на 1.коло беа подобри од екипата на ФК Победа од Прилеп, нашите млади надежи славеа убедлива победа со резултат 6:0.

Комплетна доминација за нашиот тим на овој натпревар, конечниот резултат ја отсликува ситуацијата на теренот, на кој играше само еден тим. Екипата на Победа речиси и да немаше ниту една сериозна прилика кон нашиот гол. Уште по првото полувреме ги решивме дилемите околу конечниот победник, кога на пауза се замина со резултат 4:0. Кирил Стојановски беше играчот кој ги постигна првите два гола за 2:0, додека резултатот на 3:0 го зголеми Јован Гиевски. Резултатот 4:0 на полувреме со својот прв гол го постави Марио Николовски.

  

Тренерот Марко Арсовски на овој натпревар им даде шанса за настап на сите играчи кои му беа на располагање. Едноставно силите ги чувавме за вториот денешен натпревар во групата, но и покрај тоа успеавме да постигнеме уште два гола во вториот дел од натпреварот. Со хет-трик на Кирил Стојановски зголемивме на 5:0, додека конечните 6:0 со својот прв гол денес ги постави Јорго Цаца.

   

Денес со почеток од 12:00 часот го играме и вториот натпревар, противник е екипата на ФК Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.