Некогашниот фудбалер на Бенфика и Атлетико Мадрид, а сегашен член на Бока јуниорс, Едуардо Салвио е баран од полицијата во Буенос Аирес.

Тој ја прегазил својата девојка Махали Аварена која дознала дека била изневерувана од страна на фудбалерот. Сето ова се случувало вчера во раните утрински часови низ улиците на главниот град на Аргентина, пренесе СпортМанија.

Од тогаш не може да му се пронајде ни трага ни глас од Салвио кој што е баран од полицијата за во притвор, по што ќе му се почне судење за обид за убиство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.