Полицијата на Мерсисајд потврди дека го истражуваа инцидентот за физички напад од страна на ѕвездата на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, кој по вчерашниот пораз од Евертон скрши телефон на еден млад навивач на домашниот тим.

Роналдо се извини за инцидентот и го покани младиот навивач на „Олд Трафорд“, а неговата мајка откри дека 14-годишниот Џејк има аутизам и дека бил физички нападнат од страна на ѕвездата.

„Полицијата на Мерсисајд може да потврди дека отвори истрага по инцидентот на мечот Евертон-Манчестер јунајтед при излегување на фудбалерите надвор од теренот и разговара со сите засегнати страни“, велат од полицијата на Твитер.


Роналдо се огласи по инцидентот, преку објава на инстстаграм

Никогаш не е лесно да се соочиме со емоциите во тешки моменти како овој со кој се соочувам. Сепак, секогаш мораме да имаме почит, трпеливост и да им даваме пример на сите млади луѓе кои сакаат добра игра. Јас би сакал да се извинам за мојот испад и, ако е можно, би сакал да го поканам овој навивач да гледа натпревар на Олд Трафорд во знак на фер-плеј и спортски дух



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.